Скопје, 10 април 2012: Високата школа за новинарство и за односи со јавноста се придружи на кампањата на УНИЦЕФ и на Министерството за образование и наука за да го преиспита прифаќањето на „насилните“ начини на комуницирање во училиштата, најавувајќи дека нивниот четврт годишен натпревар „Изрази се преку медиумите“, ќе биде на тема „Заедно за училишта без насилство“. Наградените матуранти ќе добијат целосни стипендии и можност за професионален ангажман по дипломирањето од Алфа ТВ, Алсат М ТВ, Радио Канал 77 и агенциите за маркетинг и комуникации „McCann Erickson", „Генезис комуникации" и „PWorld". повеќе
Скопје, 2 октомври 2011: Стотици деца и млади изведоа флеш моб на Плоштад Македонија во Скопје за да го означат почетокот на кампањата на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Министерството за образование и наука „Заедно за училишта без насилство„ повеќе
Добредојтовте на официјалната веб-страница “Заедно за училишта без насилство”, наменета на училиштата и изработена со прилози од училишта, наставници, родители и ученици. повеќе
Кампањата и програмата „Училиште без насилство„ се спроведува со финансиска поддршка од ИКЕА како придонес кон
Иницијативата за училишта по мерка на децата и UN Trust Fund како придонес кон заедничкиот проект на
Обединетите нации „Зајакнување на националните капацитети за превенција на семејното насилство”.