header
EnglishAlbanian
  • ПОЧЕТНА
  • ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА
    • Време е да разбереме што е насилство
    • Време е насилството да излезе на виделина
    • Време е да се дејствува
  • НАЦИОНАЛНА АКЦИЈА
    • Градење на капацитетите на училиштата
    • Национална политика, стратегија и насоки
  • ВЕСТИ
    • Најнови вести
    • Прослави го успехот
  • МЕДИУМСКИ МАТЕРИЈАЛИ
    • Симни материјали од кампањата
    • Вклучи се и направи свое видео
    • Вклучи се во flash mobs
    • Прочитај текстови за песни од деца
    • Погледни видеа направени од деца
  • ПОИМНИК
  • КОРИСНИ ЛИНКОВИ И ЛИТЕРАТУРА

Идеи од работилници за превенција и за интервенција

Конфликтот и несправувањето со него на време доведуваат до насилно однесување. Често основата за појава на насилното однесување е поврзана со психо-социјалното однесување и емоционалната состојба на поединецот. Затоа е потребно да се развиваат основните емоционални и социјални вештини за да им се помогне на децата да научат како да се справат со тешки ситуации и како да го разрешат конфликтот на конструктивен начин.

Овде има неколку идеи за работилници кои ќе им помогнат на наставниците да изградат вакви вештини кај учениците.

1.Развивањето на основни емоционални вештини (справување со гнев): Многу млади луѓе покажуваат насилно однесување затоа што не го контролираат својот гнев, или тешко им е да ја контролираат. Во такви случаи, што е типично, учениците можат или, гневот да го насочат надвор од себе (да се налутат за нешто што се случило дома, како на пример, конфликт меѓу родителите, или во училиштето, на пример, наставник што сметаат дека се однесувал неправедно кон нив, и да ја искажат лутината на „побезбедна цел"), што е типично за малтретирањето, или да го насочат кон себе (да ја затвори во себе, што предизвикува силни чувства на фрустрираност и омраза, или дури и самоповредување и самоубиствени идеи). Поради тоа, важно е младите луѓе да се охрабруваат да ги споделуваат своите чувства и причините за нивните силни емоции со други луѓе – или поинаку кажано, да научат колку можат повеќе за гневот и како да се справуваат со него.

Кликнете на линкот за да симнете корисни вежби за справување со гнев (преземени од прирачникот на Совет на Европа за намалување на насилството во училиштата).

2. Развивањето на основни социјални вештини (одлучност):Одлучноста е одлична вештина што учениците изложени на ризик од дискриминација, или кои се дискриминирани, да ја научат. Сепак, ова е вештина која треба да се користи само при справување со вербална агресија и малтретирање. Ако учениците ги малтретираат физички, треба да му кажат некому за тоа и да побараат помош.

Основниот принцип на одлучноста како начин на справување може многу едноставно да се објасни. На учениците треба да им се објасни дека агресивните луѓе сакаат лицата што ги малтретираат да покажат незадоволство - сакаат жртвата да плаче, да се налути, да се разочара или да изгуби контрола. Сепак, ако можете да избегнете да изгледате разочарано, тогаш агресорот нема да го добие тоа што го очекува. Агресорот може на различни начини да се обиде да ве разочара, но ако жртвата може да не изгледа разочарано, тогаш агресорот најверојатно ќе се откаже и ќе замине, или барем ќе замине и ќе малтретира некој друг. Дури и да е повредена жртвата однатре, добра идеја е сепак однадвор да изгледате како да се контролирате – на агресорот му се праќа пораката, „Не допираш до мене!"

Зборот „одлучност" на младите може да им се објасни како грижење за себе без агресивност или насилство. Кога на некој ќе му се каже дека некој треба да се грижи за себе, тогаш тоа треба да значи – да не се тепа физички со луѓе.

Кликнете на линкот за да симнете корисни техники за зголемување на одлучноста (преземени од прирачникот на Совет на Европа за намалување на насилството во училиштата) и споделете ги со учениците.

3. Предвидување и справување со конфликти и проблеми: Конфликтите се насекаде околу нас. И кога сметаме дека не постојат, тие се присутни. Секој збор, секоја постапка може намерно или ненамерно да доведе до конфликтна ситуација во зависност од разбирањето на нештата што се кажуваат или прават меѓу децата, но исто така и меѓу возрасните. Од тие причини имајќи го тоа во предвид, предвидувањето на конфликтните ситуации треба да бидат дел од нашето размислување со цел навремено да се справиме со конфликтите и проблемите.

Дури и во најуспешните однесувања може да настане конфликт. Сепак, во повеќето ситуации имајќи ги во предвид техниките со кои може да се реагира и да се справиме со конфликтите, може да придонесат конфликтот да се претвори во нешто позитивно и продуктивно.

Кликнете на линкот за да симнете корисни постапки за помош во разрешување на конфликти и совети како да ги научите учениците да ги решаваат конфликтите (преземени од прирачникот на Советот на Европа за намалување на насилството во училиштата).

4. Животни вештини: Постојат многу активности со кои преку нивно спроведување се делува превентивно во однос на појавата на конфликтни и насилни однесувања. Поконкретно работилниците од програмата за Животни вештини (кои ги изготви Бирото за развој на образованието со поддршка од УНИЦЕФ) се едни од нив кои нудат решенија и помош. Тие овозможуваат без „попување" со размислување и самодоживување од предвидените сценарија и ситуации да се корегира однесувањето.

Кликнете на линкот за да симнете одбрани работилници од програмата за Животни вештини.

Возрасна група IV – VI одделение (на македонски и на албански јазик)

Справување со насилничко однесување

Разрешување конфликти

Меѓусебно поддржување и соработка

Работни листови за работилниците од прирачникот за IV – VI одделение

Возрасна група VII – IX одделение (на македонски и на албански јазик)

Справување со насилничко однесување

Разрешување конфликти

Почитување на другите (недискриминација)

Меѓусебно поддржување и соработка

Одолевање на социјални притисоци

Преземање одговорност за постапките

Перципирање позитивни модели на идентификација

Работни листови за работилниците од прирачникот за VII – IX одделение

5. Активности од обуки (игри за загревање) кои можат да најдат примена во училницата: Активностите кои се применуваат во обуката може да ги поттикнат луѓето да се сретнат и да зборуваат за содржината или да ја претстават содржината на сесијата во однос на тоа што треба да се сработи. Тие исто така можат да применат „активности за раздвижување„ кога децата губат концентрација или имаат потреба да го сменат фокусот. Кликнете овде за да симнете една таква активност која била применета на обука . Можете да ја прилагодите за ваша употреба.

  • УЧИЛИШТА
    • Изготви политики за однесување
    • Промовирај ненасилство во наставната програма
    • Промовирај партнерство за позитивна атмосфера
  • НАСТАВНИЦИ
    • Воведи ред – не страв
    • Интервенирај со решавање на проблемот
    • Награда - не санкција
    • Примени ефективни наставни стилови
    • Идеи од работилници за превенција и за интервенција
  • УЧЕНИЦИ
  • РОДИТЕЛИ
    • Биди пример на позитивно однесување
    • Внимавај на првите предупредувачки знаци
    • Помош - не казна
    • Вклучи се во училиштето
  • ЗАЕДНИЦИ
    • Медиуми
    • Парламент
    • Служби за помош во зaедницата

follow-us-on-facebook

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Welcome_Schools_Free_Of_Violence

Помогнете ни од оваа веб-страница да направиме место кое ќе му покаже на светот како се здружуваме со цел да создадеме земја во која нема насилство во училиштата.

Logo_Final_MK

unicef-logo mon_logo

  • Правни информации
  • Мапа на сајтот
  • Контакт